Таг: дани алвеш

Реакција на новинар кога слушна дека за Светско е повикан Дани Алвеш на 39 години

Во силната конкуренција за Бразил има плејада на јаки имиња и талентирани млади играчи, а селекторот Тите најде место и за Дани Алвеш, кој по кусиот кам бек во Барселона, направи трансфер во Мексико за да остане во играчки ритам за Мундијалот. Легендарниот бек од 2006-та игра за репрезентација и има 124 настапи. Наскоро ќе видиме дали со своето искуство ќе му се најде на Бразил.

Првиот ден на Дани Алвеш во Барселона

На Камп Ноу се врати рекордерот со 43 освоени трофеи, податок по кој секој друг би си заминал во мирна и заслужена пензија. Но Бразилецот кој е генерација со Пандев, реши да му помогне на Чави и да игра од љубов за својата голема љубов. Неделна плата ќе му биде 1 евро.

Дани време е за пензија а?

37 години и не се баш некоја младост за фудбалер, особено кога гледаш дека веќе паѓаш и не ти оди како претходно. На Дани Алвеш му направија компилација на киксови во одбрана, нерезонски додавања, лоши слободни удари и сл. Па доста ти е бе друже, искина со 41 трофеј.

Дани Алвеш, сељачката

Легендарниот 37 годишен бек е веќе една година член на Сао Паоло, ама изгледа преку дур му е од фудбал или па беше лут на судијата затоа што живиот ѕид не стои на 9 метри? Како и да е ова изгледа на рогачката од бес.

Рој пчели кај корнер знаменцето, Дани Алвеш не можеше да изведе

На фудбалските терени сме виделе кучиња, мачки, лисици, зајци, па и вол. Ама досега не паметиме рој пчели (или оси) да го прекинат мечот. И тоа не кој било, туку Сао Пауло - Форталеза од бразилската најдобра лига. Лидерот на домаќинот, легендата Даниел Алвеш не можеше да центрира зошто го нападнаа пчели.

Што им правел Меси на тренинг со одврзани врвки?

Треба да сме среќни што гледаме фудбал во време на Меси и Роналдо, бидејќи двајца вакви монструми во исто време кој знае кога пак ќе се родат. Крај нема на анегдоти за нив, а особено е важно што ги даваат нивни колеги кои без памет останувале кога требало да ги маркираат.

Сторијата за Дани Алвеш во 3 минути

Најтрофејниот фудбалер во историјата имал до толку стресно детство, што понекогаш немал и што да јаде. Дома биле утепани со пари, а Дани како мал спиел на бетонски кревет и секое сабајле се будел со болки во грбот.

Спортистите кренаа глас за Амазонија, реакција бараат Роналдо, Ѓоковиќ, Хамилтон

Од стартот на годинава во шумите на Амазонија се разгореле рекорден број на природни пожари - веќе се констатирани повеќе од 74.000 жаришта, односно 85% повеќе од лани.

Дани Алвеш носи 10-ка во Сао Пауло и даде решавачки гол

Човекот е просто цар. Можеше да бира со прст во кој светски тим сака да игра. На крај се реши за бразилскиот гигант и еден од најтрофејните светски клубови Сао Пауло. Таму му дадоа 10-ка и го пречека како крал. А тој им врати со победнички гол на дебито против Сеара.

Спектакуларно шоу на презентацијата на Дани Алвеш

Само неколку минути откако ја одржа својата прва прес конференција како играч на Сао Паоло, Дани Алвеш се појави на стадионот Морумби. Таму што да види. Стадионот полн, атмосфера како за дочек на нова година.

Сао Паоло е во транс, пристигна Дани Алвеш

Легендарниот бек со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот се враќа во родниот Бразил на клупско ниво по пауза од 17 години. За сега се продадени 21.000 карта за фештата на стадион.

Го бараат Барселона, Арсенал и Јувентус, а он би да вози такси

Дани Алвеш има 36 години. На почетокот на летово му заврши договорот со ПСЖ, ама мајсторот на Копа Америка одигра како да има 19. Асистираше, дриблаше, шутираше и го избраа за најдобар играч на турнирот.

Ама се заеба Дани Алвеш на крај

Најтрофејниот фудбалер во историјата кој го подигна пехарот број 40 во кариерата, колено ќе исчашеше на крајот од финалето во Копа Америка. Судијата свирна крај, ама не било тоа крај, а Дани беше печен за славје.

Не го викајте Дани, туку господинот со 40 трофеи

Бразил го совлада Перу со 3:1 во финалето на Копа Америка и со тоа стигна до првиот трофеј во ова натпреварување по 2007-ма, вкупно деветти во нивната историја. Што бек ќе беше дечкото кој им гази по десно.

Ова што го прави Дани Алвеш на 36 години не е нормално

Ветеранот игра втора младост. Со капитенска лента околу раката го предводи Бразил чија химна синоќа со Аргентина ја пееше на цел глас да се наежи човек. А со топка во 19’ минута направи дар-мар меѓу гаучосите и со поглед во друга страна го проигра Фирмино кој асистираше до Габриел Џесус.

42 трофеи освои, нормално дека ќе плива на суво

Со победата против Монако и освојувањето на титулата во Франција, Дани Алвеш стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. И после како да не се глупира во соблекувална, па не Роналдо и Меси, туку никој друг нема толку.

Го паметите ли Пинто - вечно вториот голман на Барса кој сега е музичар

Во епохата на Пеп Гвардиола, една од најневеројатните ери во Барселона, на клупата седеше резервниот голман Хозе Мануел Пинто - препознатлив по долгата коса, плетенките и неретките циркуси.

Недопирливиот Дани Алвеш

Капа доле за кариерите на Пеле, Марадона, Ди Стефано, Пушкаш, Кројф, Еузебио, Герд Милер, Малдини, Меси, Роналдо, Зидан, Роналдо и компанија. Сите вие сте кралеви на фудбалот, ама не можете да се носите со Дани Алвеш, барем во еден параметар.

Дај ваму ракавиците, јас ќе бранам што ако сум бек

Фудбалерите на ПСЖ синоќаа во Куп натпревар останаа без голман во финишот од средбата, но тука беше Дани Алвеш кој спаси ситуација и не прими гол.

Кавани и Нејмар се степале во соблекувална, Тиаго Силва ги делел

За време на неделниот меч против Лион, Нејмар, Кавани и Дани Алвеш имаа неколку расправии околу тоа кој да изведе слободен удар и пенал. На крај Нејмар го тргнал Уругваецот од Инстаграм и им дал повод на новинарите да шпекулираат.

Бразилска самба во соблекувална

Пред мечот со Еквадор од квалификациите за Мундијал 2018 бразилските репрезентативци играа серва на масичка во соблекувалната.

12 непознати факти за финалето Јувентус - Реал Мадрид

Во пресрет на дуелот кој нестрпливо се чека во целиот свет, неколку факти кои не се многу познати во јавноста.

Дани Алвеш - човекот со ДНК на победник

По освоениот Куп на Италија и прославеното Скудето во Серија А, десниот бек на Јувентус стигна до бројката од 33 освоени трофеи.

Господинот 32 трофеи

Агентот на Дани Алвеш неодамна изјави дека 34 годишниот Бразилец сега игра подобро отколку кога замина во Барселона во 2008-ма. Можеби некој нема да се сложи ама тоа е вистина и плус има ист број трофеи со Златан. Само двајца играчи на планетава имаат повеќе.