Ајакс го стопи шампионскиот пехар за да им го подели на навивачите

Шампионот на Холандија го претвори пехарот освоен во домашното првенство во 42.000 сребрени ѕвездички кои ги подели на сите навивачи кои поседуваат сезонска карта, а кои не можеа да присуствуваат на арената „Јохан Крохф“ поради пандемијата. Каков третман за навивачите. Секоја чест цареци. Господски потег.

„Оваа сезона игравме без навивачи. Всушност без нив на трибините. И покрај сè, ние ја чувствувавме нивната поддршка секоја недела, од доаѓањето на стадион, преку социјални мрежи и личните контакти. Кога порано рековме дека „И оваа титула е ваша“, мислевме на навивачите, а споделувањето на трофејот е врвен доказ дека сме сериозни во таа намера. По бурната година, сакаме сите наши навивачи да бидат среќни“, изјави генералниот директор, Едвин ван дер Сар.

12 мај 2021 - 16:46