Адеми со 2 гола го внесе Динамо во европска есен

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми на само неколку часа пред мечот Динамо Загреб - Флора Талин добил раскошна понуда од Саудиска Арабија но ја одбил и решил да остане капитен на „модрите“. Синоќа постигна 2 гола во триумфот од 3-1 и со Динамо ќе ја продолжи долгата традиција на учество во еврокупови.

Покрај Адеми, во Лига Европа ќе игра и Дарко Велковски со Ријека со што Хрватска ќе има два претставници во групната фаза. Таму од клубовите од реонот се пласираа уште и Црвена звезда, ЦСКА Софија и Лудогорец.

2 октомври 2020 - 09:40