118 години гигант - Реал Мадрид слави роденден

Основан на 6. март 1902 години, Реал Мадрид, составен од фудбалскиот и кошаркарскиот клуб, во 118-годишната историја освои 23 титули европски првак (13 во фудбал, 10 во кошарка).

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид во својот музеј има: 13 пехари од КЕШ/Лига на шампиони, 7 трофеи од Светско клупско првенство, 2 Купа на Уефа, 33 титули во Ла Лига, 19 Копа Дел Реј, 11 шпански Супер Купа, 1 Лига Куп, 2 Мини Светски Купа и 2 Купа Латина.

Кошаркарската секција исто е славна. Имаат 10 Европски Купа, 35 шампионски титули, 28 Купа на Кралот, 6 Шпански Супер Купа, 4 Интерконтинентални Купа, 1 Светско клупско првенство, 4 ФИБА Сапорта Купа, 1 Корач Куп, 1 УЛЕБ Куп и 1 Копа Латина.

6 март 2020 - 14:03