10 причини зошто Шпанија догодина може да биде Светски шампион

Со спој на искусните Светски прваци Иниеста, Пике и Рамос, младината со акцент на Иско кој ја везе, а Асенсио ја пали од кај стигне, како и селекторot кој внесе нова енергија во тимот, Шпанија го врати победничкиот сјај по крахот во Бразил и сигурно ќе биде меѓу главните фаворити на Мундијалот во Русија.

1. НЕМА ДИЛЕМИ ОКОЛУ ГОЛМАНСКАТА ПОЗИЦИЈА
Давид Де Хеа е дефинитивно број 1 избор за Мундијалот во Русија, а тоа го покажа и на квалификацискиот дуел против Италија 3:0. Со резерви како Пепе Реина, Кепа Аризабалага и Серхио Рико кои ќе се борат за последното место во тимот, селекторот Лопетеги може да биде мирен.
 
2. ТАКТИЧКА РАЗНОВИДНОСТ
Шпанија повторно се врати на онаа препознатлива игра на Дел Боске со лажна деветка и со оглед на големиот фонд на играчи во средниот ред и нападот има многу варијации за експериментирање.
 
3. ЕФИКАСНОСТ
Со 32 постигнати гола во квалификациите се меѓу најефикасните селекции и доминираат во нашата група со 7 победи, едно и реми и ниту еден пораз. Само Белгија и Германија со по 35 гола се подобри од нив.

4.ПОВЕЌЕ ЛИДЕРИ
Силната соблекувална е клучна за освојување на големите натпреварувања, а Шпанија со Пике, Рамос и Иниеста кои го преводат тимот имаат многу искуство за да помогнат.
 
5.ИЗОБИЛСТВО ОД МЛАДИ
Згора на тоа, младите играчи во Шпанија се изненадувачки искусни за нивната возраст. Дани Карвахал, Коке, Саул Нигуез и Тијаго Алкантара се веќе таму со стаж, иако влегуваат само во средината на 20-те години.
 
6.ЕДИНСТВО
Може да се каже дека беа поделени на Светското првенство во 2014-та и не толку на ЕП 2016, но Лопетеги ги среди работите и ги врати на вистинските насоки.

7.ГЛАД
Голем степен на стил се врати во шпанската репрезентација откако ги презеде новиот селектор и ја врати желбата за успех. Тоа е евидентно и на прес конференциите и во микс зоните на изминативе неколку натпревари, каде секој играч зборува за тоа дека е решен да ја врати нацијата на врвот на светскиот фудбал.
 
8.ФАКТОРОТ АСЕНСИО
Можеби најскапоценото нешто што им доаѓа е следната генерација предводена од Марко Асенсио на кого против Италија му беше доверено да биде стартер. Со неговите игри тој ветува дека ќе биде клучен играч во Русија.

9.ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ПРОТИВ ГОЛЕМИТЕ СЕЛЕКЦИИ
Во изминативе 12 месеци, Шпанија одигра пријателски средби со Белгија, Франција и Англија и не загуби од никој. Со Англија одигра 2:2, а другите два противника ги совлада со по 2:0.
 
10.ОСТАНАТИ ОПЦИИ
Има долга листа на играчи кои не настапија на последните меѓународни натпревари. Тоа се Коста, Серхио Роберто, Витоло, Нолито, Хуан Мата, Андер Херера...Ако Лопетеги има потреба од други опции, ги има во изобилство.
7 септември 2017 - 14:01