Пеги Гугенхајм е икона и една од најзанимливите и највлијателни личности во историјата на уметноста. Како поддржувач, човек од доверба, пријателка и љубовница на големите мајстори на современото уметничко движење, не ја ограничуваат општествените норми на јавниот и приватниот живот.
Мелусина е интересен лик од европскиот фолклор, главно во француски, германски и англиски традиции. Легендата вели дека Мелусина била прекрасна жена со тајна: Секоја сабота се трансформирала во суштество - половина змија-половина жена, како резултат на пактот со ѓаволот што го направила мајка ѝ.
Отсекогаш имало мажи што тежнеат кон што е можно помлади (па и едвај легални) жени, како би можеле „да ги обликуваат“ како што им одговара, само што - сега имаат и микрофони.
Пробала (и не успеала) да го заведе Винстон Черчил, пораснала со тетка ѝ откако мајка ѝ се самоубила и е единствената ќерка на Изабел-Бланш Сингер - да, тие Сингер, империјата за машини за шиење.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Уна „Леди Троубриџ“ Винченцо е препознатлива по мазната боб-фризура, по смокингот и моноклот - била авангардна аристократка и омилена тема на трачерските списанија во раниот 20 век, кои се хранеле од ексцентричната англиска елита.
Бенедета ја почнува кариерата како модел и е прва Италијанка на насловната на американскиот Вог и на првиот број на Вог Италија во 1965. Со безвременска убавина и ноншалантен стил, има работено со Ричард Аведон, Енди Ворхол и Ирвинг Пен. Истовремено е самохрана мајка, новинарка, авторка, предавач и политички активист, борец за женски права и волонтер во локална болница.
И покрај убавината и посветеноста да го одржи изгледот, одбивала да позира за портрети кога наполнила 32. Била позната по јавањето и шетањето во јавност со чадор со кој го покривала лицето.
Амбициозни жени, фокусирани на кариера сакаат да го освојат Њујорк, а не им успева да најдат сместување. Не само што чини многу, туку живеат во едно време кога на жените им е забрането да се чекираат во хотели ако не се во придружба на сопруг. Тука доаѓаат исклучиво женските хотели на сцена.
Кога ќе ги видиш креациите на Жак Гриф, просто е нејасно како некој толку талентиран не е на исто рамниште со еден Диор. А сепак, Гриф го затвора својот бизнис во доцните ‘60-ти, и покрај репутацијата како еден од најдобрите француски кројачи во средината на 20-от век.
Уличниот стил во Шангај е микс од традиционални, познати брендови и нов, допрва за следење кинески талент. Чудно е, како да е извлечено од ‘90-те, а сепак зачинето со денешните чудни склоности за детали. Дали е добро? Нешто да, многу, нешто баш не мора да доаѓа кај нас како тренд.