Дали ја имате надраснато врската?

Ако сте стигнале да се прашате дали можеби имате надраснато некој однос во животот, можно е веќе да е заглавено, ама ај да видиме.

Постојат знаци и предизвици со кои се соочуваме после долг однос со некого, без разлика дали е платонски, роднински или романтичен, кои укажуваат на тоа некаде има разлабавен штраф. И не е секогаш крај на светот (односот), ама вреди да се подискутираат знаците. Некогаш односите прекинуваат нагло, но некогаш крајот доаѓа бавно, но сигурно, само затоа што како личности се развиваме, а не забележуваме дека токму тоа води до него.

На пример, првото прашање за разјаснување на работите е - дали сè уште има возбуда меѓу вас? Интимноста и возбудата во една врска полека почнуваат да бледнеат од првиот месец натаму и тоа е сосема природно. Но, Брус Чалмер, автор на книгата Reigniting the Spark вели дека врските можат да завршат со оган и со мраз. Смрт со мраз значи кога страста ја снемува и дури немаш ни волја да се расправаш - станува предвидливо, здодевно, што автоматски води кон незаинтересираност, осаменост, мизерност. Решението, ако е изводливо, лежи во враќање на комункацијата и свесно барање интимност. А сепак, ако проблемот лежи во надраснувањето на партнерот, може да не ви вреди трудот, па би требало да се запрашате: Дали уште имаме заеднички цели, или преминало во состојба на зависење од партнерот, кој пак за возврат потсвесно има потреба да се биде зависен од него?

1 април 2024 - 00:00