Алесандро Микеле е новиот креативен директор на Валентино

Претходно беше во Гучи, а доаѓа на местото на Пјерпаоло Пичиоли.

И во 2022 кога се објави дека ќе ги напушта Гучи, се знаеше дека не оди во пензија туку е само прашање на време кога ќе се пресели.

Во неговата изјава што ја објави Валентино вели:

„Денес барам зборови за да ја именувам радоста, да ја опишам, да доловам што чувствувам: Насмевките што ми излегуваат од градите, благодарноста што ми ги засјајува очите, тој момент кога потребата и убавината посегнуваат и се среќаваат.“

Валентино претходно најави дека летните ревии и високата мода што обично ги закажуваат за летно време нема да се одржат, а деби-колекцијата на Микеле ќе се појави за време на Париската модна недела.

Од Микеле во Гучи сме виделе Гучи во школски прибор и подновената бамбус-чанта.

Останува да видиме кај ќе заврши Пичиоли.

1 април 2024 - 00:00