Како тоа „Дизни има само бели принцези“?

На тие што сакаат само да се најдат во муабет, па фрлаат со дрва и камења и кај што треба и кај што не треба, се наоѓа човек на кој му се смачува и студиозно ги затнува. Се работи за пост каде што се плука по Дизни затоа што „ја обелил“ Елса, а можела, замислете, да биде - црна!

Вака оди поплаката:

Фановите одлучија дека им е доста од типичната Дизни принцеза, откако ја видоа Елса, која е вообичаено обелена од Дизни (и другиот главен лик, Ана, е исто многу бел), и влегува меѓу сите типично светлокожи и светлокоси со сини очи, во гламурозен и непрактичен фустан.

Долу некој ќе се побуни:

„What the fuck? Обелување? Бајката е данска! Не можеш да уфрлиш диверзитет колку да се каже! Мора да има смисла, тоа е како луѓето да прашаат ‘Зошто има само Кинези во Мулан?‘ Затоа што е сместена во ебена Кина пред некој да се досели таму.“

Но, на друг корисник, ова не му е доволно. Поточно, и нему како и на оние погоре му е доста.

Па ќе почне:

Типично светла коса, светла кожа, сини очи. Единствените други принцези што влегуваат во овој опис се Пепелашка и Аурора. Трета што е само блиску до тоа е Рапунзел. Дизни одлично работи да направи анимираните принцези да се вклопат во временскиот период и областа од каде што се. Да ви објаснам нешто.

Снежана. Целата причина што изгледа така е името - кожата ѝ е бела како ебениот снег. Косата и е црна како абонос. И усните црвени како роза. Снежана е во оригинал германска бајка. Знаете каква боја се луѓето во Германија? Бели.

Потоа, Пепелашка. Цртанот е направен во 1950-та. Знаете што имало во 1950-та? Сегрегација. Затоа се сомневам дека во 1950-та можеле да направат филм за црна принцеза, со оглед на тоа што Волт Дизни е белец и сите вработени во Дизни биле белци и извинете, ама во 1950-те, сите белци биле расисти. Да, Волт Дизни бил расист. Но, тоа е поради начинот на кој што пораснал и како функционирале работите. Всушност, бил многу пријатен и љубезен човек и сигурно би бил отворен кон ставање крај на сегрегацијата ако пораснал поинаку. За ваша информација, Пепелашка е Французинка. Французите се белци.

Потоа, Аурора. Нејзиниот филм е од 1969. Сè уште имало расистички гомнари тогаш. Ама, знаете што, и таа е Французинка. И во оригиналната приказна, косата ѝ е во боја на „сончево злато“, а усните „ја засрамуваат и црвената роза“.

Ариел. Често им е омилена на сите затоа што е забавна и чудна и косата ѝ е како камион на Пожарна. Бајката е данска. Данците се бели. А самата данска бајка? Базирана е на приказни од морнари што кажувале дека виделе девојка со светлоцрвена коса и опашка на риба. Што знам, сте виделе природно црвенокоса црнкиња? Јас не.

А Бел е најфранцузинка од Французинките. Нејзината приказна се случува во Франција, не е само фина бајка измислена во Франција. И пак, Французите се бели. Ама гледате светла коса на нејзе? Не. Бринета е! И има кафеави очи.

Jасмин. Не е бела, нема светла коса, нема светли очи. Кафеава е. И прекрасна. И не е ни слатка, ни нежна. Арапка е и изгледа така. Не гледам никакво „обелување“ тука. Сфаќате, овде би било обелување, кога би била бела. Кога би ја земале Jасмин, од арапска приказна и би ја направиле бела. А не ја направиле.

Мојата омилена, Покахонтас. Пак. Нема обелување. Фина е и кафеава, со фини индијански физички карактеристики.

Мулан. Кинескиња. Ја спасила Кина. Доволно кажано.

Тијана. Првата црна принцеза. Од Њу Орлеанс. Американка. Филмот е базиран на 1920-те и ја направиле како што треба затоа што беше келнерка, работеше три работи, само за да заработи неколку долари на ден. Живееше во гето со други обоени луѓе.  Останале верни на периодот и ја направиле фантастична!

Рапунзел (Марулка). Прва Дизни-принцеза од 1991 наваму што е бела. Мислам дека 20 години е доволно долго време да воведеш нова бела принцеза. Дизни долго време сакале да го направат цртанот, бајката е класик, сите ја знаеја, но немаше Дизни-цртан. Причината што не ја направија во ‘90-те беше затоа што е бела. Уште една светла, златнокоса дама во неволја. Многу ми е драго дека почекаа, затоа што ја направија боса будала што не ја спасува принц туку доаѓа лопов, па бегаат заедно. И најјакото е што не ѝ ни остана косата. Ја исече и стана бринета со кратка коса. Но, Дизни остана верен на корените и ја стави во Германија.

И принцезата Мерида Од Шкотска. Технички бела. Но, сепак не русокоса, бела, со американски акцент. Направи голема разлика, затоа што не се ни омажи на крај.

Значи да, би било обелување ако сите овие дами ги направеа бели. Многу бајки доаѓаат од главно бели земји. Дизни само сака да раскаже приказни како што треба. Може треба повторно да ѕирнат по арапски, или по африкански приказни. Но, само се верни на приказните и земјите од кои доаѓаат.

27 јуни 2022 - 14:46