Таг: дизни

Баја Патак полни 75 години

Најпознатата стипса и мрчатор на светот штотуку наполни 75 години, иако беше старка уште од времето. За некои негови совети мислевме дека се чисто зезање, додека македонската транзиција и нејзините перверзни исходи не ни покажаа дека се чиста вистина: „Чувајте ги малите пари, големите пари сами се чуваат“, викаше стариот. Ама, кој да слуша.

Терапевт анализира парови од Дизни

Кои љубовни врски во Дизни ќе издржат, а кои баш и нема да живеат „среќно, засекогаш“?

Дизни наскоро ќе го загуби авторското право на оригиналниот Мики Маус

Во 2024 се ослободуваат правата за најраната верзија на Мики. Што значи тоа за најславниот глушец на светот?

Дизни тропна на вратата на Џони Деп?

За истата улога на пират што ја игра речиси дваесет години, Дизни е подготвен да му плати на Џони Деп над 300 милиони долари, откако претходно му порача да дека не треба веќе да се гледаат.

Како тоа „Дизни има само бели принцези“?

На тие што сакаат само да се најдат во муабет, па фрлаат со дрва и камења и кај што треба и кај што не треба, се наоѓа човек на кој му се смачува и студиозно ги затнува. Се работи за пост каде што се плука по Дизни затоа што „ја обелил“ Елса, а можела, замислете, да биде - црна!

И на крај верверицата го изеде желадот

Дизни објави дека го затвора студиото „Blue sky“ кое стои зад целиот серијал и се под името „Ice Age“. За одјава Блу скај објави видео што ја затвора целата приказна.

Имаме нова Кралица од „Снежана“

Дизни нема намера да престане со преправање на старите цртани во филмови и веќе има испланирано „Снежана“. И лошата кралица ќе биде Гал Гадот. Интерестинг.

80% од топ 10 филмовите за годинава се на Дизни

Ако до сега Дизни беше застрашувачки колку пари прави од филмовите (а и троши на нив), во 2019 неговата доминација достигна ниво „без преседан“.

За Стен Ли сè најдобро, за пиар

Човекот почина минатата година во ноември, за неполна година подоцна ќерка му да излезе со изјава “никој не можеше да го третира татко ми полошо од директорите на Марвел и Дизни“.

Дизни се изгоре со 400 милиони долари вложени во Вајс

Пред неколку години Вајс успеа да направи страшна приказна околу себе - медиум што младите го следат и читаат, нешто што ги привлече сите поголеми медиумски куќи од кои најголеми мускули покажаа Дизни, инвестирајќи 400 милиони долари во Вајс. Сега Дизни се пишман за парите што ги дале.

Пожарот во Богородичната црква кој го опиша Виктор Иго во 19 век

Во текот на својата 856 години долга историја, Нотр Дам поминала низ многу нешта. Но еден писател и негов славен роман се најзаслужни што црквата го преживеала 19 век, кога готската архитектура била оставана да скапува.

Дизни победи во сè

За 71,3 милијарди долари Дизни ја купи компанијата 21 Сенчури Фокс и речиси сè што оди со нејзе.

За 6 години Дизни ги извади милијардите што ги плати за Лукасфилм

Една од најголемите бизнис зделки на 2012 беше купувањето на Лукасфилм за кој Дизни плати нешто над 4 милијарди долари. 4-те филмови од Ѕвездени војни што Дизни ги објави од 2015 до денес само од кино-влезници имаат донесено 4,8 милијарди долари.

Отпуштањето на Џејмс Ган му штети на цел Холивуд

Пред околу 10 години режисерот на Чувари на Галаксијата, пишува неколку твитови во кои се „шегува“ со работи како силување и педофилија. Твитовите деновиве повторно се актуелизираат и пред целата работа да стане уште понеподнослива за Дизни, компанијата решава да го отпушти авторот на мега-успешните Чувари на Галаксијата 1 и 2.

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек.

До каде е паркот на Дизни од 2 милијарди долари

Компанијата во април 2016 почна со изградба на Ѕвездени војни паркот во Калифорнија со површина од 56 илјади метри квадратни. Буџетот му е 2 милијарди долари, и деновиве прв пат објавија како напредуваат по речиси 2 години работа. Треба да биде готов во 2019.

Анимираниот филм за Коби Брајант ќе се бори за Оскар

Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.

Дизни го купува 21st Century Fox за 52,4 милијарди долари

Во договорот влегува филмското студио на Фокс (20th Century) и 39% од Скај. Во договорот не влегуваат Фокс њуз и Фокс спортс, кои ќе оформат нова компанија.

Гледаш кино, а киното те гледа тебе

Дизни на повеќето од нас ни асоцира на Мики Маус, кул цртани и играчки. Ама компанијата има и сериозна истражувачка програма, која сега наоѓа начин како да ви чита од лице дали филмот што го гледате ви се допаѓа.

Како беше упропастен Пиксар

15 години Пиксар беше најдоброто студио за анимација на планетата. И после, Дизни го купи.

Дизни 2020

На општо неочекување Волт Дизни студиото направи масовен апдејт на распоредот на премиери на свои филмови што треба да се појават во кино до крајот на 2020.