Таг: златко калински

Последните поетски фрази на Калински

Откако Португалија и Франција ја спуштија завесата на ЕП 2016, Тони Стојановски му се заблагодари на Златко Калински и му посака пријатни мигови во пензија. Следно големо натпреварување е Мундијалот во Русија 2018, но без гласот на коментаторската легенда која се има инфицирано со овој занает на мечот меѓу Тетекс и Дубочица вo 1977-ма.

Калински и коментарот за трката на Болт

Легендарниот коментатор на МТВ уште еднаш ја потврди тезата дека тој е доктор за настапите на Усеин Болт, а неговиот колега Душко Кораќ за оние на Јелена Исинбаева.

За 2.000-от пренос Усеин Болт ми трчаше пред очи

Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.

Репортажа за Скопски маратон 2013

Снимката е од минатата година, резултатите се од минатата година, сè на видеово е старо и не е актуелно. Она што е магично во целата работа е гласот на Калински. Може сме грешка, бидејќи со годините гласов успеал да ни се всади во ДНК-а, ама впечатокот е дека Калински може да коментира и џамлии во маало, а тоа да звучи како отворање на Летна Олимпијада.