Ај да речеш ќе се закачнат, ќе се скубнат малце за коси и толку. Ама не бре, овие сериозно тргнаа во напад и тука не се знае кој јаде, кој пие. Инаку овие нетипични сцени ни доаѓаат од универзитетска лига во САД.
Кејси Плам, кошаркарка на Лас Вегас Ејсис (некогаш Сан Антонио), за време на еден меч од женската НБА реши да подари една клупска маичка на некој од публиката. Среќниот добитник беше баш среќен.
Се вика Аличе, доаѓа од Италија. Тренер е на женскиот тим Местре за кошаркарки до 18 години. Помалку од две недели откако се породила, се враќа во сала да ја води екипата на важен меч зошто не сакала да ги остави на цедило своите девојки. А стигна на полувреме и да го дои бебето. Прекрасна мама.
Сосема неочекувана сцена на кошаркарски натпревар за жени, на кој симпатичната Русинка Илона Костин прави намерен неспортски фаул.по што ја праќаат порано под туш.