Таг: земјотрес турција 2023

Две згради во турски Адијаман

Приказната е следна, едната е културен центар во градот изграден со ЕУ пари и по ЕУ стандарди. Карши него е градското собрание и придружни служби изградено со турски пари и по турски стандарди.

Турција пушти 113 налози за апсење на турски градежници

Сите налози се за апсење на луѓе поврзани со згради кои паднаа за време на катастрофалниот земјотрес. До сега уапсени се 12 лица.

Во Турција се појавија крадци, ама народ ги решава кој како знае

Катастрофата што се случи во Турција предизвика покуќнината и имотот на милиони семејства да се измеша со купот рушевини и да лежи на улица. Нус-производ на ова секогаш е изникнување на банди или поединци кои гледаат да се офајдат од катастрофата и да стопат што ќе најдат под рушевините. За нивна несреќа, друга нус-појава е што катастрофите предизвикуваат и страшен гнев кај мештаните, кои не се двоумат да го искалат на ликови како нив.

Две многу одвратни видеа од Турција

Не, нема ниту една од речиси 20-те илјади жртви, туку има градежни материјали, главно цигли, и наводни градежни пракси во Турција, кои можат да објаснат голем број од снимките од деновиве на кои нови згради се распаѓаат како да се правени од наполитанки.

Турција мрднала 3 метри на запад по земјотресот

Земјотресот кој беше резултат на движење на арапската тектонска плоча, предизвикал соседната анатолиска плоча, заедно сосе Турција над нејзе, да се придвижи на три метри кон запад.

Лет над турски Караманмараш

Градот има над 1,1 милион жители, во земјотресот половина од градот беше срамнет со земја.

Блиски средби од блискоисточен вид

На аеродром во Турција, израелскиот авион со спасувачи се паркираше до иранскиот авион со спасувачи испратени за помош во земјата.

За земјотресот нема Курди и Турци, сите се вистински исти

Едното видео е од доминантно курдскиот град во Сирија, Џандарис. Другото е од турски Хатај. Во двете видеа, две бебиња. Најбебиња. Двете зафатени од земјотресот што не дискриминира по никаква основа.