Таг: Византија

570 години од падот на Ѕидините на Теодосиј и крајот на Римското царство

Додека западното Римско царство доживува несреќен крај во 476 година, источното Римско царство (Византија) напредува, функционира и издржува уште речиси 1.000 години до 1453 кога турските јаничари ги прекачуваат Ѕидините на Теодосиј и влегуваат во Цариград. Во борбите, на 29 мај 1453 е убиен царот Константин XI и со тоа и официјално престанува постоењето на Римската империја.

За што не ни е виновна Византија?

Името на источната римска империја, во форма на придавка, најчесто означува комплициран општествен систем кој функционира преку интриги, корупција и предавства. Тоа е неправедно за една култура која на светот му дала многу повеќе од тоа.

Дали порано имало повеќе дрвја?

Подолго време сакав да напишам нешто на оваа тема. Бидејќи зимата дојде (речиси) и, како и секоја година со неа и аерозагадувањето, решив тој текст да биде сега. Една друга важна причина е тоа што ме мачи недостатокот на морал, визија и идеали во поглед на заедничкото живеење. Мислам дека осврт на историјата на човечкото живеење во населби, и како тоа се одразило на екологијата може да биде корисно за сите нас (а ќе се освежам и самиот).