Mинатото лето актуелниот министер за финансии на Грција минал десет дена пишувајќи книга за економија на грчки. Идејата била таа да се напише како да ѝ се обраќа на неговата ќерка-тинејџерка, односно идеите во неа да бидат изложени едноставно, и на начин кој би ги инспирирал младите да покажат интерес за економските процеси. Судејќи според овој извадок, Варуфакис успева во тоа.