Таг: уметничка инсталација

Инсталација која (буквално) овозможува прекуграничен дијалог

Ја замисливме поставена на тромеѓе Македонија-Грција-Бугарија: светлосни снопови го параат небото, луѓе се спојуваат преку космички аудио канал, и по првите срдечни поздрави за да им се направи атер на организаторите, почнуваат кошкањата. А можеби и сосема обратно - се врти на песна и на виртуелно споделена пијачка, додека рефлекторите формираат срциња на небото.

Инсталација која во Африка во луп ја пушта „Африка“ на Тото

Та-та-та-татата-тааа! Во моментов по дома младата генерација го вежба интрото на хитот од 80-тите, во нешто што ни изгледа ко бесконечен луп. Ама некому му текнало да го направи точно тоа среде пустина, и да го нарече уметничка инсталација.

Дали ние ја користиме технологијата, или таа нас?

Зборот „корисник“ во контекст на мобилни, компјутери или апликации дава лажно чувство дека тука оној кој е главен сме ние, корисниците на технолошкиот напредок кој ги овозможил истите. А дали е можно обратното, дека технологијата нè користи нас како услов за нејзиното постоење? Сè до моментот кога веќе нема да ѝ бидеме потребни, кога ќе нè шутне како потрошена батерија.