Оние кои работат во научни установи раскажуваат дека од време на време кај нив знаат да навратат луѓе со разни откачени идеи, проекти за перпетум мобиле, свемирски летала или докази за неисправност на теориите на славните научници. И сето тоа е во ред, на моменти дури и симпатично, доколку не се случи нешто како пред повеќе од половина век во Бостон.