Трамп на цел глас кажува дека сака ѕид, ама нема. ЕУ на цел глас кажува дека е против ѕидови, ама го има еден од најуспешните во историјата кој ги запечати сите пристапи до Унијата, далеку подобро од сè што Трамп се обидува да направи.
Требаше 300 имигранти да се удават во близина на Италија, во октомври 2013, за европските политичари да се ужаснат околу страдањата на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа. Во 25-те години пред ова се проценува дека најмалку 20.000 луѓе загинале обидувајќи се да стигнат до брегот на стариот континент.