Според рангирањето кое е базирано на остварувањата во изминатите 52 недели, а се анализирани резултатите на 12.000 натпревари, моментално најдобар фудбалски тренер е кормиларот на Барселона, Пеп Гвардиола. Веднаш зад него се Жозе Мурињо и Алекс Фергусон.