Австралиецот Ендру Богут не може да се помири за елиминацијата во полуфиналната пресметка против Шпанија, на светското во Кина. Прво имаше многу директна и цинична реакција за судиска одлука, а потоа пцуеше пред новинарите.
Се самопрогласија за светски прваци, ама попија шамар уште во четвртфинале и како утешна награда со денешниот триумф над САД им е борбата за петто место. Али добро, дешава сè.
Натпреварот меѓу Бразил и САД на светското кошаркарско првенство во Кина донесе кадар типичен за фудбалски Мундијал кој поретко се гледа во сала. Тоа е и потенцијална опасност за деконцентрација на противникот.
Се игра само втората минута од мечот меѓу Грција и Нов Зеланд, а 211 см високата ѕвезда на Милвоки Бакс веќе е во елемент. Одбраната уште ненаместена, тој полета во него, а и да се наместеше џабе. Само минута подоцна уште една атракција.
На шестиот Мундијалски ден во Кина како да се натпреваруваат кој ќе направи појак цепелин. Одиш од меч во меч да гледаш што има од атракции и ги гледаш секаде подивени. Седум цепелини начекавме на шест денешни средби. Убавина за око.
Кошаркарската репрезентација на Турција беше на праг од огромна сензација, имаше продолженија против фаворитот број 1 за злато, но на крај Џеди Осман промаши две клучни слободни фрлања.
Кошаркарите на САД го доживеаа првиот пораз од 2006 година. Во вториот пријателски меч, одигран во Мелбурн пред 52.079 гледачи, Австралија славеше 98:94.
На 31 август во Кина стартува Светското кошаркарско првенство, но никаков Дрим-тим од Америка на кој сме навикнати нема да гледаме. Причините се разни а една е и конспиративна и поврзана со претседателот на САД.