Само од грузиската Легија на странци, до сега 1.000 волонтери загинале на фронтот во Украина, и не затоа што Русите се поголеми борци од нив, туку заради жален недостаток на опрема.
Странски волонтери во украинската легија, ги разбиваат сите авантуристички романтични митови околу заминување и борење во Украина, кои „без разлика колку се благородни, сепак можат ужасно да завршат“.
Иако борците им се неопходни, украинската војска одбива да ангажира западни волонтери кои од воено искуство имаат само волја и ништо повеќе, и да ги остави да гинат на војното поле „само за драматичен ефект“.