Таг: спортклуб

Коментар на деценијата за германски судија

Феликс Брих некогаш беше меѓу првите десет најдобри судии во Европа но по низа погрешни проценки и слаби настапи, сега суди и во втората германска Бундеслига. Коментатор на Спортклуб, револтиран од претходни арбитражи на Брих, даде коментар за него.

Aрена и Спортклуб ќе вршат преноси на македонски јазик

Тоа што функционира на пример кај Србите и Хрватите, конечно ќе биде регулирано и кај нас. Спортските натпревари на наша територија ќе ги гледаме и слушаме со македонски коментатор.

Македонија е суштината на репрезентативен фудбал

Денови, недели после огромниот успех на Македонија во Дуизбург против Германија, сè уште се анализира тоа чудо. Му се пристапува од сите страни за да се најде логиката и најверојатно формулата ја открија Дарко Плавшиќ, Иван Лончаревиќ и Владимир Новаковиќ, коментаторите од белградското студио на Спортклуб.

Антиќ: „Додека е ова раководство не играм за мојата држава“

Речиси ретко кој кошаркар бил толку застапен во регионалните медиуми како што е миленикот и идол на навивачите Перо Антиќ. Нема ден да не се појави на насловните страни.

Како запеа коментаторот на Спортклуб среде пренос

На три минути до крајот од големото финале на Евролига, Фенербахче имаше 18 поени предност што го натера хрватскиот коментатор на Спортклуб да го запее хитот на Џо Марачиќ - „Довидување и не плачи“.