Таг: сликарство

Апдејтувани сликарски класици

За Ким Донг-Кју нема многу информации на интернет. Ако го гуглате најпрвин ќе ви се појави некаков јужно-корејски фудбалер, а дури потоа Тамблер на корејски илустратор и дизајнер со истото име. Негова специјалност - вметнување на современа технологија во најзначајните слики од историјата на уметноста.

Ротко од ориз

Во 1958. Марк Ротко, руско-американскиот апстрактен експресионист со еврејско потекло, бил ангажиран да направи серија мурали за ресторанот „Четири сезони" во Њујорк - место каде според него доаѓале „најбогатите копилиња од Њујорк за да се нахранат и да се фалат". Ја прифатил понудата од инает, за неговите слики да им го расипат апетитот.

Каде е, што прави Џорџ Дуплове Буш?

Што прави денес еден од нашите своевремено најомилени диктатори, после Сапармурат Нијазов? Американскиот "Пато" деновите ги минува најпензионерски. Игра голф и се храни по фини ресторани. Чекајте, чекајте, и црта портрети на кучиња.

Сликарот во Линч

Денес во Њујорк се отвара изложба на Дејвид Линч, прва во овој град од 1989. Авторот на неодоливо бизарните „Син сомот“ и „Диви во срцето“, како и на серијата „Твин пикс“ која некогаш се гледаше како сега турските серии, всушност се занимавал со сликарство пред да почне да режира.