Неодамна пишувавме дека човек не треба да се фрустрира од своите купови книги, затоа што тие се само потсетници на она што тој не го знае, односно поттикнувачи на неговата интелектуална понизност. И што ако највисокото постигнување во овој свет доаѓа токму од нашата свесност за сопствената ништожност, од која (парадоксално) треба да црпиме енергија за подобро и повеќе?