Таг: симулација

Koга гратче во САД исценирало дека го презеле комунисти

Во 1950-тите, жителите на Мосин, Висконсин, извеле нешто што било замислено како театарска претстава - бунт кој требало да предупреди од опасностите на „црвените“. Но како што обично бива, симулацијата не поминала без последици. 

Симулирани погреби за сè уште живи

Личи на мешавина на уметнички перформанс и психо-терапија. Го нудaт јужнокорејски компании (главно погребни претпријатија), кои се обидуваат да ги подобрат животите на своите клиенти, симулирајќи ја нивната смрт. Барем додека тие не се вратат, ама тогаш за озбилно. 

И тренерите станаа симулатори

Што време дојде во фудбалот, да и оние кои треба да им даваат ум на играчите почнаа да симулираат фаули. Генијална идеја ти е ова, немај гајле никој нема да примети, фудбалот не се снима со камери, плус никој не користи интернет во денешно време. Инаку црепот е од Уругвај.

Симулација на мајтап

Петар Шкулетиќ од Локомотив Москва се обиде да види каква ќе биде реакцијата на Еквадорецот Нобоа ако одглуми дека го удрил со неговото раме.

Уште од мали ги учат да лажат

95-та минута од мечот Селтик - Валенсија (судијата продолжил 6). При резултат 1:1 напаѓачот на Селтик го напаѓа последниот играч во одбраната на Шпанците кој со ефективен трик изнуди фаул. На крајот му се исплатеше, затоа што Валенсија на пенали победи 4:3 и се пласираше понатаму.

Современа актерска школа за глумење фаул

Десникот бек на Мексико, Пол Агилар кој игра фудбал од 2004 година зарем не знае дека натпреварите се снимаат со повеќе камери, дека постои репетиција и дека ќе го сецнат баш тој дел каде се глупира на едно метро од судијата?

Симулатори кои заслужија награда за глума

Од наредната година ФИФА нека размисли и за воведување на вакво признание. Изборот е секогаш голем, а за 2014-та ние одбравме тројца кои паѓаа по силниот удар од воздухот.

Прекинат меч поради групно симулирање фаул

Пораз од 4:1 на куп натпревар во Перу тешко се прифаќа, а фудбалерите на Боливар не сакаа нути да го доиграат. На судијата дури петмина играчи му “се жалеа“ на повреда, па мораше да свири крај. За играта да продолжи потребни се седум во екипа.

Симулација на векот

Сè што досега сте гледале на тема глумење фаули заборавете. Потегов на дебелково на аматерски фудбалски натпревар во Германија е единствено и неповторливо. 

Судијата Хауард Веб симулираше прекршок

На познатиот англиски судија му здосади 90 минути да ги прати играчите и топката, па тргна во соло акција. Потоа самиот се увери дека фудбалот не е така нежен спорт. Мечот се одигра во чест на легендарниот фудбалер на Тотенхем, Ледли Кинг.

Двојна причина за црвен

Најголемиот неранимајко викендов на фудбалските терени ни доаѓа од американскиот фудбал МЛС. Во дуелот влезе дрско и насилнички, а потоа глумеше жртва.

Фолиранти од НБА на едно место

Со пензионирањето на Пипо Инзаги не заврши ерата на “глумците“ на спортските натпревари. Во најсилната кошаркарска лига во светот од оваа сезона се делат казни за симулаторите на фаули, а најинтересните кои ги ловеле камерите еве ви ги во едно клипче.

Сократ повторно во судница

Замислете наместо судењето на Шешељ или на Готовина, на интернет да можете во живо да го следите судењето на - Сократ. Настанот кој се случил пролетта 399. пред наша ера ќе биде рекреиран со помош на современата технологија, и можеби ќе резултира со нова пресуда: дали овој пат Сократ ќе преживее?