Таг: селинџер

Девојката чија работа била да ги чита писмата од обожаватели на Селинџер

Моќта на книжевноста не е ни во бројот на продадени примероци, ниту во добиените награди. Вистински големите автори прават читателите да си ги отворат душите, поистоветувајќи се со ликовите од нивните книги. Ова го сфатила Џоана Ракоф, која не ни знаела кој е Селинџер кога се вработила како читач на неговата пошта. 

„Деформитетот" на Селинџер

Taман кога мислиш дека се се знае за некој славен автор, излегува нова биографија за него, со сочни детали кои ветуваат „нови хоризонти во разбирањето на неговиот книжевен опус". Во случајот со Селинџер, клучот за толкувањето излезе дека се наоѓа - меѓу неговите нозе.

Мистеријата околу „Селинџер"

Џ. Д. Селинџер, авторот на „Ловец во р'жта", бил мистерија самиот по себе. Бегал од слава, се криел од фотографи и не давал интервјуа, а најверојатно напишал и повеќе отколку што е официјално познато. Еден нов документарец се обидува да го расветли неговиот живот, но по пат како и тој да заглавува во митот.