Во некои други земји, ваква глупа забрана евентуално би се правдала со климатски причини, глобални затоплувања и слични модерности. Во Туркменистан нема потреба од тоа. Таму претседателот, просто, сака бели автомобили.
Преголемиот и премудар Туркменбаши доживува слична судбина како титовата, кому заклетвата "да са твога пута не скренемо" му ја раскурцаа уште Броз неизладен. Осум години откако се упокои Сапармурат Нијазов, Туркменистан и наследникот на неговиот трон се дрзнаа да му свртат грб и да се дистанцираат од неговото иделошко наследство. Убав повод да се потсетиме на нашиот омилен диктатор на сите времиња.