По Бернабеу во Мадрид, баскискиот Сан Мамеш во Билбао важи за најтешко гостување во Примера. Сепак, Барса вчера лесно го совлада Атлетик со 5:2, а стрелци на головите за Блауграна беа Меси, Нејмар, Суарез, Педро и еден домашен фудбалер. Барса сега има само еден бод помалку од лидерот Реал Мадрид.