Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Дали управата на РК Вардар доволно го засили ростерот на тимот кој го напуштија важни имиња, ќе видиме според резултатите во мај. Ама за тренерската смена не може да им се замери, бидејќи се решија за еден сличен Раул Гонзалес.
По истекот на оваа сезона, навивачите на Вардар ќе се збогуваат со човекот кој им ја донесе европската титула, со таа утеха што ќе ни остане селектор. Неговото место всушност го презема неговиот асистент кој се надеваме дека има впиено нешто од Раул.