30-то коло во хрватскиот фудбалски шампионат го донесе голот на колото, неделата, месецот и сигурно кандидат за гол на сезоната. Емир Сахити од Хајдук, инаку поранешен играч на Работнички (2015-2018), на мечот против Вараждин постигна лепота од голчиште.
По безобразно опасниот старт на Томас Милер кој без акал му влезе со копачка во глава на играч на Ајакс, крајно сељачки стар направи и Рикардо Кварезма. Бешикташ го изеде дома од Малме и во директен дуел остана без нокаут фаза во ЛЕ, а Португалец доби заслужен црвен картон.
Фудбалерите на Бешикташ го загубија гостувањето против Малме со 2:0, меч кој го судеше нашиот Александар Ставрев и неговите помошници Кировски, Костадинов и Караколев. Дали од несогласување за судиската одлука или од нервоза што губи, португалската ѕвезда реагираше малку неубаво спрема еден од македонски линиски судии и беше на граница на картон.
Рикардо Кварезма овој месец ќе наполни 35, ама тоа не значи дека повеќе не е способен за тој пусти мајсторски удар кој никој не може да го изведе како него. Колегите од Бешикташ ги учеше на тренинг.
Португалскиот ветеран, не е Роналдо, ама си има свои специфики по кој е познат и не џабе играше за Барса, Интер и Челси. На 34 години уште е крал на рабоната и на овој фелш со кој направи пресврт на турското дерби меѓу Бешикташ и Фенербахче кое заврши 3:1
Поранешниот играч на Барселона, Порто, Интер и Челси кој mo\e[e многу повеќе во кариерата со тој потенцијал, држи лекции како се лобува од најтешките ситуации. Малку зачудува како му успеа овој лоб удар на мечот Бешикташ - Генчлербирлиги во Купот, со оглед на тоа што голманот многу малку беше излезен.
Одговорен за добра атмосфера во репрезентацијата на Португалија очигледно е Рикардо Кварезма. Последна негова „жртва“ беше Кристијано Роналдо во тренинг кампот на репрезентацијата.
Кога Бобо Виери во 97-ма му даде гол на ПАОК од мртов агол, коментаторот рече „импресионанте голацо“, а мајсторијата одеше на најавните шпици. Сега таа линија е поместена, барем на тренинзите каде се појавува Кварезма кој се загрева за Европско и кој не е престарен со 32 години.
За Хаџи, Ливерани, Лакатуш, Асењо и Хесус Навас сме слушнале дека имаат ромско потекло, но не и за Неста, Лука, Жињак, Пирло, Гуиза и Кипријан Марика. Овие играчи комотно би играле завршница на Светско првенство со ромска репрезентација.
Во Турција е традиција новиот фудбалер во клубот да биде пречекан во делириум уште на аеродромот. Португалецот Рикардо Кварезма по втор пат се врати во Бешикташ, каде му простија многу гревови од минатото.