Воениот лидер на босанските Срби го доби заслуженото за сите несреќи и ужаси кои ги предизвика неговиот начин на војување. Истиот тој начин на војување, во овој момент се спроведува на еден друг крај на светот, активно помогнат од Соединетите Американски Држави.
Зенит е предаден на Дисциплинската комисија на УЕФА бидејќи беше забележан транспарент со политичка содржина на синоќешниот натпревар од Лига Европа против Вардар во Санкт Петербург. Навивачите на Зенит напишаа „Ратко Младиќ - херој на Србија“ и со тоа клубот ризикува казна од еден натпревар без публика.
„Дали солзите на Ратко Младиќ се со ист состав како солзите на таткото на малата Медиса, или со солзите на Хусо Силајџиќ од Горажде?“, прашува Дежуловиќ, ризикувајќи да го претстави крвникот речиси како човек.