Да сумираме: со помош на малцинските гласови од Српската листа, која се наоѓа под директна контрола на Александар Вучиќ, за косовски премиер е избран човек чие предавање на Србија, заради сомнеж за воени злостори против Србите, го бараше самиот Вучиќ само неколку месеци пред изборите. А сè започна заради едно невино брачно патување.