Сурија Бонали е поранешна француска натпреварувачка во уметничко лизгање. Има пет злата од европските првенства и три сребра од светските. Позната како уметничка лизгачка која редовно му пркоси на системот, во 1998 на Зимските олимписки игри во Нагано (Јапонија) ги изгубила шансите за медал па решила со еден потег да ги „разбуди духовите“.
За време на 66. Конгрес, ФИФА организираше натпревар меѓу поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди против познатите играчи од Мексико. Дуелот го одбележи Роналдињо со неверојатен потег.
На Челенџерот во Бергамо (Италија), германскиот тениски волшебник Дастин Браун на мечот против Алдин Сеткич одново покажа дека белиот спорт е игра во која може да има многу нови потези.
Како што во фудбалот е омилен волејот, во кошарката забивањето, а во одбојката смечот, ракометарите уживаат во добро изведената шрауба. Особено ако е од ваков тип.
Секој напаѓач најмногу на свет ги сака ситуацииите еден на еден со голманот. Некој се решава да шутира од прва, некој го дрибла голманот, а некој од страв знае да се сплетка. Постои еден ризичен дриблинг кој е многу атрактивен.
Да се коцкаш со противничкиот напаѓач во својот шеснаесетник е лудост, но алжирскиот голман Малик Аселах ја доби партијата рулет и доби аплаузи од цел стадион.
Палмеирас славеше над Сао Паоло со 4:0, но за домаќините секоја топка беше важна па дури и кога изгледаше дека е загубена. Аргентинскиот напаѓач Џонатан Кристалдо им покажа на Бразилците што значи снаодливост.
Бразилецот им извади душа на фудбалерите на Билбао, кои фрустрирани од неговите дриблинзи почнаа и физички да го напаѓаат. Потегот пред крајот од мечот со Баскијците, Нејмар го правеше и во минатото додека играше во татковината.