На 13 септември се наврши половина век од издавањето на синглoт Yesterday на Битлси. Тоа беше прва соло снимка на Макартни, и воедно прва песна на групата напишана само од еден Битлс - знак дека тој и Ленон почнуваат да се движат во различни насоки. Дали сте повеќе за Џон или за Пол сè уште се смета за избор кој кажува нешто не само за вашиот музички избор, туку и за вашиот светоглед.