Таг: платон

Дрилозофија: Платон и британските рапери

Социјални работници од Лондон креирале нова видео серија која ги комбинира древните филозофски концепти со енергијата на „дрил“ музиката.

Атињаните ќе оживеат река крај која предавал Сократ

Има една изрека, дека водата „секогаш си го наоѓа патот“ и дека дури и кога човек мисли дека ја скротил таа може да избие на неочекувани места. Во случајов се работи за цела река.

Мрачната страна на интелигенцијата

Коментарот дека некој е неинтелигентен (читај: глуп) не се однесува само на неговите ментални способности. Тој низ историјата знаел да биде и пресуда, за тоа што тие луѓе смеат, а што не смеат да прават, а таков е и денес. Интелигенцијата, со други зборови, е политичка.

Зошто ги забораваме прочитаните книги (а богами и филмовите)?

Не знаеме за вас, но нам ни е потребен посебен напор - фаќање белешки, потцртување, навраќања - за да успееме да запамтиме за што е книгата во текот на читањето, а камоли после некое време. Можеби е до годините, а можеби до тоа дека во просек тоа е нормална работа.

Не беше Платон толку голем, само прв се роди

На античка Грција ѝ се случува брилијантниот филозофски трилинг Платон, Аристотел, Сократ. Не е тоа последен пат вонсериски ликови да се најдат во исто време и на исто место: во предвоено Сараево се собираат мангупите од 'Топ листа надреалиста', малиот Сплит ги дава маестралните Фераловци...во Скопје се среќаваат Владо Јаневски и Роберт Саздов.