Таг: писателка

Писателката што ја лажираше сопствената смрт

Во септември 2020, во фејсбук пост објавен од некој кој тврдел дека е ќерка на авторката на љубовни романи Сузан Мишен, било соопштено дека таа извршила самоубиство. Две години подоцна Сузан „воскреснува“ и признава дека сето тоа било наместено.

Авторка на есеј „Како да го убиеш својот сопруг“ виновна за - убиство на сопругот

Порота од Портланд, Орегон, ја осуди авторка на самоиздадени љубовни романи, која претходно има напишано онлајн есеј под наслов „Како да си го убиеш мажот“, затоа што го усмртила својот маж со пиштол. Тој текст поротата не смеела да го земе предвид при донесувањето на одлуката затоа што тој бил стар неколку години, но неговата деталност не можела да остане незабележана.

Велшката писателка што го инспирала Хичкок

Се викала Етел Лина Вајт, а нејзините крими романи биле споредувани со оние на Едгар Алан По, Агата Кристи и Дороти Л. Сајерс. Денес малкумина се сеќаваат на нејзиниот лик и дело.

Генијалната писателка која исчезнала на 25 години

Годината е 1923. Едно девојче седи само во собата, загледано низ прозорецот во шумата зад нејзината куќа. На работната маса стои машина за чукање на татко ѝ, на која таа од време на време нешто запишува. На 12 години од тие записи го објавува првиот роман, „Куќа без прозорци“, кој зборува токму за чудесноста на шумите во нејзиниот роден Њу Хемпшир. Критиката ја нарекува дете-гение, книжевна ѕвезда. Зошто тогаш денес никој не се сеќава на неа?