Таг: педро нето

А пази ова, Лацио довел играч и платил на погрешен клуб

Се случува човек да утне шифра на сметка за струја, за вода, за телефон, ама да опнеш 11 милиони евра на туѓа сметка ѝ успеало само на управата на Лацио.

Волејот на Педро од издавачка куќа Вулверхемптон

Како што Вотфорд извади бод против Лестер со ножички во 93-та минута, така Вулверхемптон ја запечати победата над Вест Хем во финишот со страшниот гол на Португалецот Педро Нето.

Што манга од менаџер е овој Мендеш

Кога моќник чии клиенти се викаат Кристијано Роналдо, Давид де Хеа, Диего Коста, Хамес Родригез, Жозе Мурињо и Жоао Феликс, тогаш јасно е за какви операции е способен. Од никој и ништо пари прави.

Голчиште на иднината на португалскиот фудбал

Кога Кристијано Роналдо ќе се повлече од репрезентација Португалците нема да треба да се грижат за позицијата крилен напаѓач. Тука е 18 годишниот Педро Нето, кој важи за најголема надеж во Португалија. Додека Барселона го следеше, Лацио го лапна минатата сезона од Брага. Ова е неговата најнова соло мајсторија за У-20 против Чешка.

Португалска колонија слета во Рим

Кога Жорже Мендеш ќе се вмеша во некој трансфер, тогаш сè станува поинтересно. Благодарение на него, Лацио меѓу новите тројца играчи има засилување кое беше мета на Мурињо, Арсенал и Барса.