Во кризни времиња, пригушените, потиснати и заборавени мелодии повторно се враќаат, за да нè предупредат во врска со нивната идеолошка и сетилна моќ. Но колку тие гласови навистина се слушаат, и дали ушите на оние на кои им се упатени се подготвени за нивниот звук?