Кога е во прашање филм е лесно: одиш на imdb или на Rotten Tomatoes, пребаруваш по жанр или по кратка содржина, евентуално ги гледаш оценките, и одлучуваш кој филм да го гледаш. А каде да одиш за книги, а тоа да не биде Амазон?
Двајца соработници на Њујорк Tајмс дебатираат околу природата на пишувањето книжевни критики во медиумите. Дали нивните автори создаваат уметност, или вршат општествено корисна работа? Според нив - второто.
Колкав број од мислењата на корисниците на сајтовите за продажба на книги се вистински, а колку од нив се платени? Па да речеме дека пет ѕвездички за трилерче-самиздат би требало да ви бидат сомнителни.
Она што во Македонија сè уште не сме го усовршиле како маркетинг aлатка се оние кратки „осврти" на кориците (таканаречени blurbs), кои често ја продаваат книгата, особено ако таа е од автор за кого слушате прв пат.