Проценките се дека во даночни засолништа се чуваат меѓу 21 илјада и 31 илјада милијарди долари, што е некаде колку обемот на американската и јапонската економија заедно. Доколку се собере данокот што го избегнуваат богатите, тој ќе покрие најголем дел од годишниот дефицит на секоја од земјите на Г7.