Таг: норвешка ракометна репрезентација

Необјасниво аматерската грешка на Норвежаните поради која останаа без полуфинале

Шпанија, Данска, Франција и Шведска се селекциите кои ќе се борат за медали на Светското ракометно првенство. Норвежаните направија кикс од невидени размери и им подарија победа на Шпанците кои израмнија во последна секунда и потоа славеа во продолженија 35:34.

Што, каде, кога, како - сè што треба да знаеме за ракометниот Мундијал

Во среда од 18 часот со мечот меѓу домаќинот Египет и Чиле се отвора Светското првенство во ракомет, прво во историјата со 32 учесници. Ќе се игра од 13 до 31 јануари. Без гледачи.

Златото се враќа дома, Норвешка е нов европски шампион

Норвешка требаше да биде организатор на Европското првенство за жени, но се откажа од домаќинство поради глобалниот вирус. На крај Норвежанките ја освоија титулата во соседна Данска.

Данска е нов светски шампион, Хансен и другарите ја растурија Норвешка

Ракометарите на Данска се прошетаа до златото на Светското првенство, откако вечерва убедливо ја декласираа репрезентацијата на нивниот сосед Норвешка со 31-22 (18-11).

Слабокрвната Македонија немоќна против Норвешка за крај на сонот

Македонија во првиот дел прими 12 гола, а на половина од второто полувреме 11. Ужасниот почеток на вторите 30 минути ја турна колата по уздолница и Норвешка заслужено оди во четвртфиналето.

Горчеливо реми против Норвешка, сонот Рио уште е жив

11-те голови на Лазаров, фантастичната игра и предноста од 5 голови не беа доволни македонските ракометари да ја совладаат Норвешка. На крајот конечни 31-31 пред последниот дуел против Белорусија.

Не е готово додека не е навистина готово

Светското ракометно првенство за жени донесе неколку необични ситуации кои ја привлекоа јавноста со поголемо внимание да го следи континенталниот шампионат.

Норвежанките се европски рaкoметни шампионки

Репрезентацијата на Норвешка го освои и шестото злато на 11. Европско ракометно првенство за жени во Хрватска и Унгарија, откако вечерва ја совлада Шпанија 28:23. Шведска е бронзена, откако ја победи Црна Гора во дуелот за третото место.