Како што цената на златото изминатава декада е во постојан раст, а они веќе имаат на располагање работна сила, пари и вработени што радо ракуваат со оружје, наркокартелите се одлучија да се пробаат во бизнисот со нелегално ископување злато.
Логиката е дека ако си член на наркокартел не би објавувал пред цел свет колку пари, злато, жени, оружје и коли имаш од продавање дрога и придружен криминал. Како во 90-те на Балканот, така и сега во Мексико, не зборуваме за логика.