Таг: на точак

Водич за возење велосипед во град

Во теорија е здраво и практично. Во пракса е опасно (немаш секаде патеки, ниту пак сите „патеки“ се оптимизирани за велосипед), полно со стресови (бидејќи добар дел од времето возиш по улица зависиш од добронамерноста, фокусираноста и смартфон активноста на луѓето со кола) и не баш здраво (по пат го вдишуваш целото олово од твоите моторизирани сограѓани). И покрај ова, пак некако, барем кога е убаво времето, велосипед е неспоредливо подобра опција од автомобил.

Тренерот на Кротоне извозе 1.300 км на велосипед

„Им ветив на момците ако се спасиме, ќе тргнам со точак до Торино. Приказната немаше да има смисла ако не стоев на зборот во кој веруваа дечките“, вели Давиде Никола кој возеше во чест на син му и други загинати на велосипед.

Како никогаш повторно да не залепиш велосипедист со врата од кола

Има нешто што по основа на географско потекло и пракса се вика "холандско посегање" и иако звучи како име на многу конкретен фетиш, всушност е потег кој ќе помогне околу еден од најголемите стравови на секој градски велосипедист - да не му отвориш врата од кола пред нос.

На точак во Берлин, теорија вс. реалност

Може е време да му помогнеме на Германецот да се организира за да си ги реши проблемите.

Како да возиш точак (во Амстердам)?

Една од сериозните заблуди околу желбата сите да возиме точаци, е дека кога ќе ги поразиме возачите на коли / мотори и ќе добиеме наша лента, ќе можеме што сакаме да правиме на точак и ќе живееме во една прекрасна хипи комуна на две тркала во која во сообраќајот ќе се шири само љубов. Секој што развил тикови кога пробал на точак да го разгледува Амстердам или Копенхаген, ќе ви каже дека тоа не е ни приближно така анархично и лесно. Холанѓанецов ќе ве запознае со основните велосипедски правила за Амстердам.

Девојче, не е точакот за тоа

И ти знаеш да возиш точак, и она знае да вози точак. Ама не е истото.