Манчестер Сити го загуби врвот во англиската Премиер лига од најголемиот градски ривал. Но фановите на Сити не треба да тагуваат затоа што историјата на Премиер лигата вели дека ако тие оваа година завршат на втората позиција, следната година ќе ја освојат титулата.
Манчестер Сити ја загуби челната позиција во Премиер лигата на десет кола пред крајот. Навивачите се очајни, фудбалерите се караат, Манчини ги губи нервите, Џеко најавува заминување, а Манчестер Јунајтед си го ќари врвот.