На почеток изгледа дека овој филм би им се допаднал исклучиво на љубители на мачки. Но како што тече, сфаќате дека тој не е (само) за мачките на Истанбул, и не е само за неговите жители кои се грижат за нив. Тој е за сите луѓе кои сè уште веруваат во соживот со други суштества, без оглед дали тие се со крзно и опаш, и дали предат или не.