Махерот на колото, неделата, месецот и годината е веќе познат. Доаѓа од Прилеп и докажува дека 20 утакмици не се многу да ги фатиш во кладилница. Сите ги одиграл 1-2 гола во прво. Со здравје да си ги трошиш 2.567.111 денари.
Махерот на колото, всушност не е од ова коло како што може да се забележи. Дечкото, инаку познат на редакцијата тврди дека ја уплатил точен резултат само поради една причина. Ја сањал дека така ќе заврши, ама без заебанции. И си го чува тикетот, со право.
Да ја играш Лас Палмас - Селта сингл 7+ од нигде никаде (првиве 5 дадени гола на 8 меча, а вториве 13) и тоа во понеделник кога не можеш нормален тикет да составиш од што е тапа со утакмици, треба стварно да си махериште или голем среќко. Нашиов махер едноставно има њух за синглови и често нѝ праќа вакви тикети.
Италијанците викаат дека нема никогаш да фатиш на спортска бидејќи можноста е една на 38 милиони. Прашајте го дечково од Италија дали е така. Се изначека и на крај дочека.
Обично велат дека многу мозгање и анализирање на натпреварите во билтен не е од некоја корист. Некогаш треба да пишеш што ти дојде од прва. Навивач на Феенорд ќе ви каже како оди тоа. Пред стартот на сезоната во Холандија ставил 25 евра дека Феенорд ќе стане шампион и дека Николај Јоргенсен ќе биде најдобар стрелец.
Во полното сандаче со тикети кои ни ги праќате, ни залутал еден од пред месец и пол кој не сме го забележале. Се работи за пријателска средба меѓу рускиот прволигаш Терек и ФК Вардар.
Стручњаци, експерти, аналитичари, статистики, зналци, сè паѓа во вода откако синоќа девојка од Кичево одиграла тикет на чиста интуиција. Во 95. минута од мечот Барса на најубав можен начин ѝ го честиташе 8 Март.