Таг: махер на колото

Махер на колото на Вардар, кец у два

Во полното сандаче со тикети кои ни ги праќате, ни залутал еден од пред месец и пол кој не сме го забележале. Се работи за пријателска средба меѓу рускиот прволигаш Терек и ФК Вардар.

Девојка од Кичево ги погоди Барса и Дортмунд точен резултат

Стручњаци, експерти, аналитичари, статистики, зналци, сè паѓа во вода откако синоќа девојка од Кичево одиграла тикет на чиста интуиција. Во 95. минута од мечот Барса на најубав можен начин ѝ го честиташе 8 Март.

Овој ги типува на среќа или ги сонува?

Не знаеме дали кај нас имаше синоќа ваков махер, до сега не добивме некој ваков тикет, ама кај Србите се најде еден. Арсенал се бори за титула и губи дома од Ватфорд, а тој ја фаќа двојка. Ленс од втора лига Франција губи во Куп од четвртолигаш, ја фаќа и таа. Третата му јаде во 87-ма со нерегуларен гол на Барнли. Добивката му е околу 1.200 евра со три меча. Да фатиш на спортска треба среќа или знаење? М?

Махер на колото на Боксинг деј

Еден задоцнето испратен тикет од католичкиот Божиќ на Англичаните со многу к`смет.

Махер на колото кој ја фати Барса во прво

Се знаеме со мајсторов и му пишавме да ни каже што му текнало вака, а тој ни одговори дека така му дошло и дека во кладилница му се чуделе кога ја уплатил.

Махер на колото за 20.000 евра

Никој до сега не ни пратил тикет со 9 фатени нули и кој знае дали ќе ни прати. Махеров не е од кај нас, ама сепак е махер со добивка од 19.753 евра на влог од 17 евра. Играл систем 7/13, фатил 11, а една му е одложена. 50 дена може да лежи на море ако сака.

Влатко ќе ви каже како се типува финалето

Ако за некој е изненадување тоа што Португалија стана Европски шампион, за Љупче и за уште еден махер не е. И двата тикети се уплатени пред еден месец. Е сега ни стигна тикет и од трет махер кој не го интересираше кој ќе биде шампион. Шлап 2.500 евра в џеб за 90 минути.

Како се фаќа на спортска на ЕП 2016

Дечкото играл на прогресија, познат метод по кладилнициве. Што значи тоа? Играш само еден меч, ако добиеш на следниот ставаш исто пари или ако сакаш можеш да појачаш, а ако загубиш потоа го дуплираш влогот. Махерот почнал со 2,5 евра, играл од 10 јуни и застанал на 17-ми откако извадил чист ќар од 100 евра. Играта одредил да му биде 2-3 гола.

Најголемиот махер на сезоната со Лестер

Од бајката Лестер сè уште не се исцрпени сите приказни околу тоа кој на колку се кладел и колку фатил. Ова што ќе го прочитате сега е џек пот кој повеќе личи на лото ливче отколку на уплатен тикет во кладилница, а среќникот не е Англичанец.

Махериште на колото со 25 натпревари

Не се работи за добивка пет или десет илјади евра, туку од 230 евра, ама луѓе човеков здрвил 25 комада во еден ден, што е апсолутен рекорд откако ни праќаат тикети за рубриката „кец у два“. Настрана тоа што е комерцијала за играње, фатил словачки, босански, кипарски, фински и ирски фудбал, италијанска одбојка, шпански и германски ракомет, белгиска, германска и шпанска кошарка. Цар над царевите.

Махер на сезоната за 180.000 евра, ако Лестер стане шампион

Двајца навивачи на Лестер веруваат во чудо уште од почеток на сезоната. Ако тимот на Раниери на крај се радува, Вил Хил ќе треба да спреми две големи суми за исплата.

Голман во 94-та му донесе 1.600 евра на тикет

Да израмниш во 94-та минута треба да имаш среќа. Да бидеш голман и да израмниш во 94-та треба да имаш уште повеќе среќа. Да го играш ГГ баш тој меч, тоа значи дека те сака среќата во кладилница.