Таг: махер на колото

Махер на колото кој и двете ги сони 0:0

Оваа рубрика обично оди во понеделник и петок, ама оди стрпи се да те видам до петок. Сите се чудевме на синоќешните резултати од ЛШ, освен Бранислав и Бобан. Па добро бе како успеавте вака да ги трефнете?

Оди лечи се со тикетов

Манчестер Сити синоќа се иживуваше со третолигашот Бартон, му излезе со прв состав во полуфинале од Лига Куп и го демолираше со 9:0. Го имаме махерот на колото (ова на колото е премалку, ама не ставаме на сезоната ради малата добивка). Веројатно никаде на друго место на планетава немало ваква уплата.

Типувач од Велес се офајди за 4.000 евра!

Со предвидување на 3 гостински победи и голови во мечевите меѓу Џенова-Парма, Реус Депортиу-Гранада и Академика-Есторил во неделата, типувач од Велес си обезбеди 247 пати поголема добивка од влогот т.е. со 1 000 денари заработи над 4 000 евра.

Махер на колото од Охрид кој здрви 2,3 милиони денари

Тикетот ни стигна викендов, ама не е одигран викендов, туку во средата кога имаше Лига на шампиони. Секоја чест за храбрата уплата која затоа пак му донесе доста сочна исплата.

Твит (тикет) на денот

Нервирајте се вие денеска и гњавете ги другарчињата како вчера ве заебала само Барса, само не заборавајте дека и тие некогаш може да изгубат, само прашање е кога. На овој на пример изгледа како Леганес да му бил сигурен кец.

Експерт од Гостивар лапна милионче во Спорт Лајф!

Во Гостивар е исплатена првата највисока сума на еден тикет од Спорт Лајф. Нико Шулц со гол во 85-тата ја заврши работата на крај.

На Крушевчанецов ептен му лежи Белгија

Ај дека немаш г`з да ставиш 200 евра на Белгија полувреме/крај? Ај дека имам. Ај дека немаш г`з пак да ставиш 200 евра на Белгија полувреме/крај? Ај дека имам. Тоа е, не за џабе рекле дека за сè треба да имаш к`смет во животот. Па така и за спортска. Белгија до 69-та минута губеше 0:2 од Јапонија.

Махер (коцкар) на колото

Да чекаш 2 гола во прво и 2 во второ е лотарија и ништо друго. Впрочем само два меча завршија до сега така од вкупно 14 на Мундијалот. Да ставиш 100че, 200, па и 500 ок, ама 5 бона на ваков многу тежок тип за гаѓање? Браво за тебе друже, со здравје да си го трошиш 100чето.

Најголемиот махер кој ја истипува Ливерпул - Рома

Колку треба да си к`сметлија за да ти излезе точен резултат натпревар од ваков калибар? Зборуваме за полуфинале од ЛШ кое не е лесно конечен тип да го погодиш или на голови, а па да не зборуваме за точен резултат.

Навивач на Јуве од Радишани фати 170.000 благодарение на Роналдо

Прво и основно дечково е махериште што успеал на ваков начин да погоди две четвртфиналиња од ЛШ. Второ имал к`смет бидејќи парите ги доби со контроверзен пенал во 93-та од кој Фејсбукот се претвори во воено поле. И третово е малку нејасно, а тоа е како реагирал. Урлал од радост за добивката во последни секунди или го искршил телевизорот како навивач на Јувентус?

Како реагираше прилепчанецот кога му падна џек потот

Или се накљукал со дијазепами или си рекол останувам смирен што и да се случи да не ми попушти срцето, трето нема, бидејќи реакцијата му е како да фатил 56, а 560.000 евра.

Европски рекорд во кладилница: Прилепчанец фати 560.000 евра

Македонец од Прилеп стана цар, крал или ако сакате бог во кладење. Ова што тој го погоди е најголема добивка во Европа во однос на влог. Pray for Mozzart.

Некој бил убеден дека ќе загубиме од Чешка

Ни стигнаа две задоцнети ливчиња од еден махер кој веројатно од обзири спрема сè живо што се изнервира за поразот на Македонија од Чешка, дури сега ни ги праќа тикетите. Ја товарел без да штеди, а добро ја намирисал и Словенија.