Таг: лука циндриќ

Денот вели дека треба да се потсетиме

Келн, 3 јуни 2017. Вардар во прва историска полуфинална пресметка на Ф4. Противник Барселона, исто како денеска. Натпреварот тврд и претежок. При резултат 25:25, последниот напад го имаа момците на Раул. Тоа беа 16 секунди за треперење кои ги одиграа машки и присебно, без паника, со едноставно вкрстување во кое Лука Циндриќ распали и го однесе Вардар во финале.

Циндриќ ги покори своите, Вардар ја изгуби војната во Кјелце

По фантастични четири победи на четири меча, ракометарите на Вардар го претрпеа првиот пораз во групната фаза од Лига на шампиони: Кјелце - Вардар 31:27 (16:15).

Was ist das? Das ist Vardar!

Во најтешкиот натпревар сезонава, против некогашниот европски првак Кил, ракометарите на Вардар загубија 28-27 но поради триумфот на гости пред седум дена со гол повеќе одат на историскиот втор Фајнал Фор каде ќе го бранат златото!

Пораз на Вардар во Нант, меч топката за четвртфинале во Скопје

Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).

За гол на годината во ЛШ е прогласен историскиот на Вардар за финале

Европската куќа на ракометот стокми листа на 30 најдобри голови за 2017-та во Лига на шампиони. Не мора да трошите 5 минути за да ги изгледате сите 30. Мотајте на крај да се потсетите како Лука Циндриќ ја торпедираше Барселона и го однесе Вардар во историското прво финале.

Циндриќ пред 4 години работел на паркинг, а денес е европски првак

Хрватскиот „Јутарњи“ го октрива нетипичниот ракометен пат на неверојатниот Лука Циндриќ кој важел за талентиран фудбалер за кого бил заинтересиран Динамо Загреб, но татко му го убедил да го батали фудбалот и да му се посвети на ракометот.

Голот на Циндриќ за историја на Вардар

Што и да се случи во финале против скапиот ПСЖ, овој гол на Лука Циндриќ ќе остане во аналите на македонскиот спорт. За прв во историјата Вардар јуначки влезе во финалето на ЛШ откако во тврд натпревар ја урна големата Барселона. Клучниот потег на мечот со урлање на Југослав Костовски.

Европскиот првак на колена во Скопје, Вардар подобар од Кјелце

Во дербито на двата гиганти на европскиот ракомет и меч на неделата според ЕХФ, Вардар го совлада полскиот Виве Таурон Кјелце со 40:34 (18:18) и го презеде лидерското место во групата Б.