На шалтерот на компанијата две нервозни службенички се обидуваат да вопостават ред и да ни организираат сместување, далеку од аеродромот и од градот. Веќе е полноќ. Некои решаваат да не одат во хотел затоа што не знаат кога и како би се вратиле. Гласно се нафрлаат опции. Летови за Белград, Софија, Приштина. До Виена, па преку Загреб. Дваесет часа со автобус? Когнитивниот апарат ми е прегорен и полека ми станува сеедно и за географија и за воздушен сообраќај.